Прв смртен случај од Ковид-19 во Северна Кореја

од Nikola Popovski

Најмалку едно лице за кое е потврдено дека има Ковид-19 починало во Северна Кореја, објавија синоќа тамошните државни медиуми, во првите статистистички податоци, ден подоцна откако земјата официјално ја потврди епидемијата, пренесува Ројтерс.

Треската од неидентификувано потекло се проширила во Северна Кореја од крајот на април и околу 350.000 имаат симптоми, а 187.800 луѓе во моментов се лекуваат во изолација, објави новинската агенција КЦНА.

Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди строги мерки, кои вклучуваат локдаун низ целата земја, наведува британската агенција.

Слични содржини