Работната група за соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДХР) го одржаа првиот состанок на кој се анализираа препораките на ОБСЕ за подобрување на изборниот процес во Србија.

 

Како што соопштија од српската Влада, членовите на Работната група, со која претседава вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, согледале „што може во краток рок да се унапреди, за да можат граѓаните да имаат уште подобар изборен процес.“

-За време на состанокот на Работната група, беше заклучено дека Владата на Србија доста направила во претходниот период, пред сè, кога станува збор за уредување на изборниот список, кој, бил далеку подобар и попрецизен отколку на некои претходни избори, се наведува во соопштението.

„Договорено е во наредниот период да се преземат чекори од страна на членовите на Работната група, вклучително и средби со претставниците на ОБСЕ и ОДИХР на кои ќе се разговара за конкретни работи кои можат да го подобрат изборниот процес во Србија“, соопштија од српската влада.

Слични содржини