Прв трофеј во ерата на Галтие: Нејмар и Меси му го донесоа Суперкупот на ПСЖ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија францускиот Суперкуп, откако во Тел Авив го совладаа Нант со 4:0. Тоа е првиот трофеј во ерата на новиот тренер Кристоф Галтие, кој летово го замени Маурисио Почетино.

Два гола постигна Нејмар, во 45+5. и 82, а погодија Лионел Меси во 22. минута и Серхио Рамос во 57. минута.

Посебно атрактивен беше првиот гол на Нејмар од слободен удар, како и на Серхио Рамос, кој со својата пета ја затресе мрежата на противниците.

Новиот тренер Кристоф Галтие го немаше на располагање Килијан Мбапе.

Ова е 11-ти Суперкуп трофеј за парижаните.

Слични содржини