Прв училишен ден под ведро небо: Првачињата од „Коле Неделковски“ седнаа во клупите (ФОТО)

од Берта Китинска

Првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ денеска за првпат седнаа во училишните клупи.

Невообичаено за овој ден, наместо внатре, тие седеа на столчиња во клупи надвор од улилиштната зграда, а нивните родители стоеја отстрана.

-На креативен начин, тимот од училиштето симулираа наставен час на отворено за првачињата и преку музичко-сценски настап од страна на учениците, ги презентираа насоките и мерките кој секој ученик треба да ги почитува за безбедна реализација на наставата.Како локална самоуправа, свечениот прием на ученици го спроведовме во сите основни општински училишта, согласно безбедносните протоколи и новите адаптирани услови за настава, соопштина од  Општина Центар.

Слични содржини