Прва фотографија од Алек Болдвин откако полицијата го испраша за убиство

од Vladimir Zorba

Новинарот на CBS, Рик Фолбаум, ја објави првата фотографија од Алек Болдвин по трагедијата во која тој случајно уби член на филмска екипа која снимаше во САД, а го рани и режисерот на филмот.

„Вознемирениот Алек Болдвин откако полицијата го испраша за смртта на член на филмската екипа во Ново Мексико“, напиша Фолбаум.

Да потсетиме, холивудскиот актер Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на вестерн во Њу Мексико во САД кога пукаше со пиштол, пишува „Њујорк тајмс“.

Режисерот на тој филм Џоел Соуза е ранет во овој бизарен инцидент.

Полицијата разговара со членовите на филмската екипа за да утврди како биле застрелани две лица за време на снимањето.

„Се обидуваме да утврдиме каков тип на проектил е употребен“, изјави претставник на локалната полиција.

Според него, канцеларијата на шерифот не поднела обвинение против никого во врска со пукањето.

Слични содржини