Прва реакција од Киев: Германските тенкови силна поддршка за Украина

од Vladimir Zorba

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска оцени дека намерата на Германија да и испорача тенкови Леопард 2 на Украина претставува силна поддршка од таа земја.

„Неколку стотини тенкови за нашите тенковски екипажи – најдобрите тенковски екипажи во светот. Ова ќе стане вистинска тупаница на демократијата против автократијата од мочуриштето“, напиша Јермак на Телеграм веднаш откако германскиот неделник „Шпигел“ објави дека Берлин ќе го одобри испраќање на тенкови Леопард 2“ во Украина.

Според „Шпигел“, германскиот канцелар Олаф Шолц одлучил да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат тоа.

Германскиот неделник наведува дека постои можност и САД да испорачаат тенкови Абрамс.

Слични содржини