Прва седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата

од Aleksandar Petrovski

Премиерот Зоран Заев денеска претседаваше со седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во државава, како прва седница по изборот на новата Влада.

Како што соопшти владината прес-служба, Советот, како тело кое што ја координира безбедносно-разузнавачката заедница во врска со прашања од интерес на националната безбедност, покрај претседателот на Владата, кој претседава со седниците, го сочинуваат и првиот заменик на претседателот на Владата, задолжен за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерите за внатрешни работи, за одбрана и за надворешни работи, директорите на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање и раководителот на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, како и секретарот на Канцеларијата на Советот.

Слични содржини