Прва смрт од коронавирусот во владата на Србија: Почина државниот секретар Бранислав Блажиќ

од Aleksandar Petrovski

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

„Бранислав почина ова попладне во Белград. Искажувам сочувство на семејството и пријателите. Во солзи сум. Тој беше прекрасен човек. Тој целиот свој живот го посвети на заштитата на животната средина. Министерството и Владата ќе се погрижат децата и семејството да бидат згрижени”, потврди министерот за животна средина Горан Триван за српски Курир.

Пред пет дена Блажиќ беше ставен на респиратор на Клиниката за инфективни болести во Белград.

За жал, тој ја загуби битката за живот.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.

Слични содржини