Прва цивилна НАТО-вежба во С. Македонија, учествуваат повеќе од 700 лица

од Nikola Popovski

Денес на големата НАТО вежба “Северна Македонија 2021” во струшко се изведе комбинирана вежба за спасување на затрупани лица од хемиски контаминирани урнатини, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој наведе дека вежбата е во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО ЕАДРЦЦ (Евроатлански координативен центар за справување со катастрофи) и се изведува во охридскиот и струшкиот регион, учествуваат повеќе од 700 учесници од 27 држави и 14 меѓународни организации.

Ова е прва цивилна НАТО-вежба во Република Северна Македонија, која заради состојбата со пандемијата истовремено се одвива и теренски и штабно, од ваков размер.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести, што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

 

 

Слични содржини