Прва во ЕУ: Литванија од денеска повеќе не увезува руски гас, нафта и струја

од Nikola Popovski

Литванија денеска стана првата земја во Европската унија која целосно го прекина целиот увоз на руски енергетски извори, нафта и струја и природен гас, изјави литванскиот министер за енергетика Даиниус Кравис.

„Не само што е исклучително важна пресвртница за Литванија на нејзиниот пат кон енергетска независност, туку е и израз на нашата солидарност со Украина. Мораме да престанеме да ја финансираме руската воена машина“, рече Крејвис во петокот.

Според него, Литванија ќе постигне целосна енергетска независност „кога успешно ќе спроведе синхронизација, ќе ги задоволи потребите за електрична енергија преку локалното производство на зелена енергија и ќе стане извозник на електрична енергија“.

Литванија го најави овој потег уште во април, но денеска, 22 мај, е првиот ден од целоснит прекин на увозот на руска енергија. Сега таа е првата земја во Европската унија која не увезува ништо од руската енергија: ниту гас, без ниту струја, ниту нафта.

Фото: rubaltic.ru

Слични содржини