Првата вакцина против корона во ЕУ во март 2021 година

од Stefanija Kuzmanovska

Белгиската министерка за здравство Меги де Блок најави дека првата вакцина против КОВИД 19 би требало да им биде достапна на Белгија и на членките на ЕУ во март следната година.

Во изјава за белгиските медиуми, Меги де Блок навела дека првата вакцина дистрибуирана во ЕУ најверојатно ќе биде вакцината на фармацевтската компанија „Санофи“.

Според неа, приоритет при примањето на вакцината ќе имаат здравствените работници и најзагрозените категории на население.

Европската комисија потпиша договор со фармацевтската компанија „Санофи“ за набавка на до 300 милиони дози вакцини против КОВИД 19.

Слични содржини