Првата вакцинација во САД е можна во средината на декември

од Vladimir Zorba

Шефот на американската програма за брз развој на вакцината за коронавирус, д-р Монсеф Слауи, рече дека првата вакцинација во САД може да започне на 12 декември, пренесува АП.

Советничкиот одбор на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) треба да го разгледа барањето на „Фајзер“ за одобрување на итна употреба на вакцината на таа компанија против Ковид-19 на состанокот на 10 декември.

„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бајонтек“ неодамна објавија дека, според клиничките испитувања, нивната вакцина е 95% ефикасна во спречување на лесни до тешки случаи на инфекција со коронавирус.

Слауи за кабелската мрежа Си-Ен-Ен изјави дека испораката на вакцини до американските држави е планирана во рок од 24 часа од очекуваната позитивна одлука на управата.

Тој додаде дека очекува вакцинацијата да започне на вториот ден по одобрувањето за итна употреба на вакцината, на 12 декември и дека вакцините ќе бидат доставени врз основа на популацијата на секоја земја. Државите одлучуваат кој прв ќе ја прими вакцината, но се препорачува тоа да бидат здравствени работници и стари лица.

„Фајзер“ очекува да има доволно дози за да заштити 25 милиони луѓе до крајот на годината.

Бројот на случаи со коронавирус во Америка надмина 12 милиони и за прв пат се зголеми за повеќе од еден милион за помалку од една недела. Рекорден е бројот на Ковид-19 пациенти во болниците низ целата земја, а болеста однесе најмалку 255.000 животи во Америка, пренесува Ројтерс.

„Се соочуваме со многу тежок бран на коронавирус низ САД и на глобално ниво“, изјави за Ен-Би-Си д-р Ентони Фаучи, водечки американски експерт за инфективни болести.

loading...

Слични содржини