Првата жена на чело на Танзанија положи заклетва

од Stefanija Kuzmanovska

Досегашната потпретседателка на Танзанија Самија Сулуху Хасан положи заклетва како претседателка, по смртта на претседателот Џон Магуфули, најгласниот африкански ковид – скептик, што ја прави прва жена на чело на оваа источноафриканска земја

Хасан (61) ја презеде функцијата откако во средата беше објавено дека Магуфули починал од срцев удар откако не се појави во јавноста повеќе од две недели, пренесува „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Исчезнувањето на Магуфули од јавноста на 27 февруари предизвика сомневања дека има КОВИД-19, болест за која мислеше дека може да се излечи со молитва и не сакаше да нарача вакцини за неговата земја со 58 милиони жители.

Слични содржини