Први детални вести за Шумахер: Буден е, дише и може да седне

од Nikola Popovski

Германскиот невролог Ерих Ридерер изнесе детали за здравствената состојба на Михаел Шумахер, легендарниот возач на Формула 1, кој настрада во 2013 година.

Шумахер тогаш доживеа несреќа додека скијаше на Алпите, а во последните седум години, светот не доби прецизни информации за состојбата на славниот Германец.

Сега, за првпат, Ридерер ги презентираше во изјава за италијанскиот „Кориере дело Спорт“, во која е опишана состојбата на седумкратниот светски шампион.

„Михаел Шумахер е буден, дише и срцето му чука во убав ритам. Тој веројатно може да седне, можеби дури и да направи некој чекор со помош на други, но не повеќе од тоа. Мислам дека ова е најмногу што може да стори”, рекол докторот.

Тој оценил дека состојбата на Шумахер е вегетативна и нема многу да се подобри.

„Повредите кои ги претрпел се од трајна природа и нема повратен процес што би го вратил во претходната состојба. Тој е во вид на вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не реагира“, опишал германскиот лекар.

loading...

Слични содржини