Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Први кадри од несреќата во која загина Коби Брајант (ВИДЕО)

Први кадри од несреќата во која загина Коби Брајант (ВИДЕО)

Првите застрашувачки снимки се појавија по ужасната хеликоптерска несреќа во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант.

Инцидентот со 41-годишниот поранешен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се случил во Калабасас, Калифорнија, а TMZ Sports објави видео од запалениот хеликоптер.

Нема преживеани во несреќата со хеликоптерот, кој се запалил при обидот да слета.

Бројот на загинати е пет, а меѓу нив не се сопругата и децата на легендата.

Инцидентот се случи неколку часа откако Брајант, поранешната sвезда на Лос Анџелес Лејкерс, беше надминат од третото место на списокот за најмногу поени во НБА, по саботниот натпревар во Филаделфија, од страна на актуелната sвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Брајант беше двократен олимписки шампион и петкратен шампион во НБА.

loading...