Први се по стапка на смртност во светот, но некои се скептични: „Да останам дома? Па кај се доказите?“

од Stefanija Kuzmanovska

Кога започна пандемијата на коронавирус, кружеше шега дека социјалното дистанцирање нема да биде проблем во Северна Дакота. Имено, одржувањето на растојание од 2 метри во таа американска федерална држава, карактеристична со широки тревници, ионака се чинеше како премногу близок контакт, пишува Sky News.

Сепак, многумина не сакаа да се шегуваат во земја чии жители се горди на нивниот стоички менталитет.

Имено, Северна Дакота, според Здружението на американски научници, има највисока стапка на смртност од Ковид-19 не само во САД, туку и во светот.

Зголемувањето на бројот на заразени во последните неколку недели почнува да го оптоварува болничкиот капацитет, особено во помалите места како Џејмстаун. На Одделот за итни случаи на регионалниот медицински центар, д-р. Стив Инглиш вели дека неговиот тим често мора да се грижи за пациенти кои им се пријатели или соседи.

– Тие треба да се грижат за луѓето што ги познаваат и тешко е затоа што земате сè на срце, особено кога исходот од третманот не е тој што го посакувавте. Тешко е да ги погледнете во очи, во срцето верувате дека сте направиле се што е во ваша моќ, но со секој случај е тешко, рече тој.

Медицинската сестра Рејчел Мекдоналд не ги гушка сопругот или синот повеќе од сто дена, за да ги намали шансите да ги зарази.

Она што најмногу ги насолзува нејзините очи е дека таа не може да ги утеши исплашените пациенти дури и со ракување.

Болницата активираше план за итни случаи минатата недела кога останаа само со еден дополнителен кревет.

Лин Такер беше примена во болницата во петокот на ковид одделот во петокот. Иако е претпазлива уште од почетокот на пандемијата, таа не може да разбере како се заразила со коронавирусот.

– Многу долго се спротивставувавме, ги следевме сите правила. Застрашувачки е како се зголемува стапката на смртност. Свештеник почина пред да ме примат во болница, рече таа.

Пандемијата што тие долго ја гледаа од голема далечина сега тешко ги погодува нивните жители, но не сите.

Сопственикот на продавницата за постелнини Триш Гринвуд и сточарот Бев Волмер имаат различно мислење. Републиканскиот гувернер на Северна Дакота Даг Бургум едвај во петокот ја објави обврската да се носи маска во таа држава, иако тој долго време се спротивставуваше на воведувањето на мерката.

„Треба да престанеме да живееме во страв и да излеземе од подрумот“, рече Триш.

„Не видов доволно докази за да ме убедат дека треба да останам дома, да ги стискам палците и да плачам“, рече Бев.

Во регионалниот медицински центар Џејмстаун тие раскажуваат друга приказна.

– Се прашувам дали ќе имаме доволно кревети, дали ќе имаме доволно медицински сестри за да се грижат за пациентите и дали тие ќе завршат добра работа. Има денови кога се мислеше дека не се справуваме доволно добро, рече сестра Рејчел Мекдоналд.

Брзата помош од Џејмстаун мораше да стигне до Њујорк оваа пролет за да и помогне на државата во борбата против пандемијата. Сега нивниот здравствен систем е на колена. Рурална Америка сега е првата линија.

Северна Дакота, која според последните податоци има нешто повеќе од 750.000 жители, ја надмина бројката од 700 смртни случаи од ефектите на болеста Ковид-19.

Слични содржини