Први снимки од земјотресот во Јапонија

од Vladimir Zorba

Јапонија ја погоди денеска силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала.

Земјата се тресеше претежно во Фукушима, а епицентарот беше во океанот, оддалечен околу 90 километри од брегот.

Засега нема навестување за цунами, но како претпазливост им е кажано на жителите што живеат во крајбрежната област да се движат кон ридовите.

Сепак, на Интернет се појавија снимки од Фукушима, што покажува дека било многу непријатно за време на земјотресот.

Фукушима се наоѓа во регионот Тохоку, на островот Хоншу, а главен град е Фукушима.

Островот беше погоден од цунами на 11 март 2011 година, а потоа и од земјотрес, што резултираше во дефект во нуклеарната централа Фукушима.

Земјотресот во тоа време беше 9,3 степени, а огромните бранови од 16 метри, кои го преплавија јапонскиот остров, однесоа повеќе од 19 000 животи.

Слични содржини