Први теории за авионската несреќа во Кина: „Намерно беше соборен“

од Stefanija Kuzmanovska

Странските медиуми јавуваат дека се појавиле информации за причината за авионската несреќа во Кина и дека прелиминарните резултати покажуваат дека авионот бил намерно соборен. Се огласија и институциите вклучени во истрагата.

Се појавија првите теории за падот на авионот Боинг 737-800 на China Eastern Airlines кој се урна во март во близина на кинескиот град Вужоу. Загинаа 132 лица.

„Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименуван извор близок до американската истрага, објави дека авионот бил намерно соборен.

– Авионот го направи тоа што му беше наредено, наредбата дојде од пилотската кабина – рекол изворот, наведувајќи дека ова се прелиминарните резултати од истрагата.

Имено, истрагата ја води кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC), а вклучен е и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) на САД бидејќи Боинг е дизајниран и произведен во САД. НТСБ негираше дека се објавени какви било информации за причините за падот на Боингот 737-800, додека CAAC соопшти дека истрагата се уште е во тек.

– Ѝ помагаме на CAAC во истрагата за авионската несреќа на летот MU5735, но нема да коментираме за истрагите што ги спроведуваат други институции – изјавија од НТСБ за „Глобал тајмс“ во средата, наведувајќи дека сите релевантни информации ќе ги објави CAAC.

Слични содржини