Први во Европа: Исланд ги укинува сите мерки против ковид 19

од Берта Китинска

Исланд ги укинува сите епидемиолошки мерки откако 87 проценти од населението постаро од 16 години примило барем една доза вакцина Ковид-19.

На Исланд, каде што живеат околу 369.000 луѓе, досега се регистрирани 6.637 случаи на инфекција, а вкупно починале 30 лица.Околу 48% од луѓето над 16 години биле вакцинирани со две дози. При вакцинација од Соединети Држави.

Од вчера, исландските граѓани повеќе не се обврзани да одржуваат физичка дистанца. Барањата за носење маски и ограничувања на собирите исто така се укинати.

Од 1 јули, туристите кои ќе покажат потврда за вакцинација против ковид-19 или потврда за прележана болест, нема да мораат да направат тест при влез во земјата.

Слични содржини