Првиот 5G телефон на Huawei ќе излезе овој месец

од Vlatko K

5G телефонот  Huawei Mate 20 X 5G, ќе започне да се продава на  одредени пазари пред крајот на јули, и покрај континуираната неизвесност околу иднината на Huawei како производител на Android уреди.

Државниот весник “Глобал тајмс” во Кина објави дека телефонот ќе започне да се продава во Кина на 26-ти јули, додека VentureBot забележува дека телефонот во моментов е достапен за нарачка од италијанската страница на Амазон со датум на издавање на 22-ри јули и ќе биде достапен во Обединетите Арапски Емирати на 12-ти јули.

Huawei Mate 20 X 5G е многу сличен со постоечкиот Mate 20 X надворешно, со ист 7.2-инчен екран, и три задни камери. Сепак, внатрешно неговите компоненти се надградени малку за да се справат со барањата на моделот 5G Balong 5000. Најзначајно, батеријата е зголемена од 4.200mAh до 5000mAh, нејзината RAM меморија е зголемена од 6GB до 8GB, а нејзиното складирање е зголемено од 128GB до 256GB.

Слични содржини