Првиот голем трејд во НБА: Крис Пол заминува во Феникс

од Nikola Popovski

Крис Пол, американскиот плејмејкер, ќе добие нови соиграчи.

Според познатиот новинар и инсајдер Адријан Војнаровски, на повидок е голем трејд меѓу Феникс Санс и Оклахома Сити Тандер.

Крис Пол оди во Феникс Санс со Абел Надер, додека на другата страна ќе пристигнат Рики Рубио, Кели Убре Јуниор, Тај Џером, Џејлен Леку и пик од првата рунда на драфтот во 2022 година.

Одамна е познато дека Оклахома Сити Тандер има двоцифрен број на пикови во првата рунда за наредните години, а некои навивачи се шегуваат дека Оклахома ќе трејдува се додека не ги собере сите 30.

Слични содржини