Првиот кластер на инфекција со коронавирус потврден на Олимписките игри

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓу членовите на грчкиот тим во уметничко пливање на Олимписките игри во Токио, регистриран е кластер на инфекција со коронавирус.

Организацискиот комитет ја потврди информација, објави јавниот радиодифузер НХК.

Тестовите покажаа дека инфекцијата со коронавирус е потврдена кај уште пет лица од грчкиот тим.

На заразените им е одредена мерка изолација.

Комитетот претходно соопшти дека бројот на заразени лица акредитирани за Олимписките игри во Токио, отворени на 23 јули, се зголеми на 322.

Слични содржини