Првиот музеј на бикини се отвора во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Костимите за капење на Мерилин Монро, Скарлет Јохансон и безброј други кои припаѓале на познати личности ќе добијат нов дом во град во југозападна Германија кој се прогласи за главен град на костими за капење.

Во Бад Рапенау, сместен помеѓу Франкфурт и Штутгарт, првиот светски музеј за бикини се отвора во недела, на 5 јули, на Светскиот ден на бикини. „Музејот на уметноста на бикини“ ќе се фокусира на историјата на костимите за капење и промената на дизајнот од 1870 година до денес.

Кустосите на музеите велат дека приказната за костимите за капење не е само приказна за модата и плажата, туку и за апсењата, скандалите и постепената еманципација на жените. Музејот презентира обичаи за капење се до средниот век. Покрај голем број бикини, посетителите ќе имаат пристап до мултимедијална изложба, уметнички дела и стари реклами за бикини.

Слични содржини