Првиот опозиционер повикан во ОЈО да даде исказ за прислушувањето

од desk3

images

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за денеска на пладне, бил повикан да дојде во Основното јавно обвинителство. Како што информираат од партијата, Заев требало да даде исказ во врска со кривичната пријава која СДСМ ја поднесе неодамна, а во врска со незаконското прислушување.

„Ве известуваме дека денеска, во 12:00 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ како сведок – оштетен во постапката иницирана со поднесената Кривична пријава од страна на СДСМ за неовластено прислушување„, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ тврди дека домашните служби прислушувале над 20.000 македонски граѓани.

loading...

Слични содржини