Првиот телефон на Apple оваа година пристигнува на 5-ти октомври

од Vladimir Zorba

Apple ја прескокна традиционалната презентација на новата линија на iPhone во септември, но новите телефони се очекува да пристигнат веќе на 5 октомври, кога треба да биде прикажана најевтината варијанта – iPhone 12s.

Гласините за нови iPhone телефони носат вести за подостапна верзија на iPhone 12, која ќе пристигне со 64 GB внатрешна меморија. Наводно, ќе биде достапна и верзија со 128 GB и 256 GB простор.

Прифатливиот iPhone 12, наводно, ќе биде достапен во вкупно шест различни бои, вклучувајќи црна, бела, сина, црвена, жолта и корална, а според најавите, премиерата ќе биде на 5-ти октомври.

Во исто време, се верува дека премиум моделите iPhone 12 Pro и 12 Pro Max ќе имаат простор за складирање на податоци 128/256/512 GB и ќе бидат достапни во црна, бела и сребрена боја.

Голема презентација се очекува на 13 октомври. Првите модели, кои ќе бидат во продажба, се 5,4-инчниот iPhone mini, заедно со 6,1-инчниот iPhone 12 Max.

loading...

Слични содржини