Првите дози на вакцината „Фајзер“ пристигнаа од Белгија во САД

од Vladimir Zorba

Првите дози на вакцина за коронавирус од американската компанија „Фајзер“ се пренесени од Белгија во САД, изјави за Ен-Би-Си извор информиран од одделот за планирање на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“.

Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер“ ќе започне веднаш откако подготовката ќе добие „зелено светло“ од американската Администрација за храна и лекови, објави порталот „Вашингтон Хил“.

„Волстрит журнал“ објави дека „Јунајтед ерлајнс“ испратил неколку авиони за транспорт на вакцините „Фајзер“ во САД, а во изјава за „Хил“ минатиот петок, Федералната управа за авијација на САД (ФАА) исто така потврди дека „обезбедува поддршка за првиот масовен воздушен транспорт на вакцината“.

Исто така, беше наведено дека ФАА дозволи „Јунајтед ерлајнс“ да носи 15.000 килограми сув мраз на лет, што е пет пати повеќе од дозволеното оптоварување, бидејќи вакцината „Фајзер“ мора да се чува на температура под нулата, со цел да се зачува ефикасноста на препаратот.

Засега неодобрената вакцина на компанијата „Фајзер“ е развиена во партнерство со германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“.

Минатата недела, оваа американска фармацевтска компанија поднесе барање за одобрување за итна употреба до европските и американските институции, бидејќи употребата на вакцината не е можна без соодветни дозволи од надлежните органи во ЕУ и САД.

Слични содржини