Првите два случаја на мајмунски сипаници регистрирани во Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја ги забележа првите два случаи на инфекција со мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти, пренесе новинската агенција „Јонхап“.

Еден од двајцата заразени лица имал симптоми на заразна болест додека влегувал во Јужна Кореја на меѓународниот аеродром Инчеон и бил префрлен во здравствен центар, наведе „Јонхап“.

Според јужнокорејската агенција за контрола и превенција на болести, во тек се дијагностички тестови кои дефинитивно треба да потврдат дека две лица се заразени со мајмунска сипаница.

Слични содржини