Првите конвои на хуманитарна помош пристигнаа во Газа

од Vladimir Zorba

Првите конвои со хуманитарна помош пристигнаа утрово во Газа откако стапи на сила примирјето помеѓу Израел и палестинските милитанти, пренесе Би-Би-Си.

Илјадници Палестинци се вратија во уништените домови, а властите велат дека реконструкцијата ќе трае со години.

Светската здравствена организација повика на отворање коридор за евакуација на ранетите. Повеќе од 250 лица беа убиени за време на 11-дневниот конфликт, претежно во Газа. И Израел и Хамас тврдат дека победиле.

Жителите на југот на Израел го прославија примирјето, но многумина изразија загриженост дека нов конфликт во регионот е само прашање на време.

Камиони од различни хуманитарни агенции, вклучително и ОН, пристигнуваат во Газа со многу потребни лекови, храна и гориво, откако Израел го отвори преминот Керем Шалом.

Повеќе од 100.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови во Хамас, кој е под контрола на Хамас, а близу 800.000 луѓе немаа пристап до проточна вода, објави УНИЦЕФ.

Слични содржини