Првите регистарски таблици се воведени во Франција

од desk2

Франција е првата земја која вовела регистарски таблички со уредба на париската полиција од 14 август 1893 година, по што следува Германија во 1896 година. 

Холандија, пак, е првата земја што во 1898 година воведе национална регистрација на регистарските таблички, наречени „дозвола за возење на патиштата”. Првично овие табли биле само последователни броеви, почнувајќи од 1, но тоа е сменето во 1906 година во САД, каде секоја држава издавала свои регистарски таблички.

Њујорк воведува регистарски броеви во 1903 година (црни бројки на бела позадина ), откако претходно (во 1901 година) било обврзно  иницијалите на сопственикот да стојат позади на возилото  и јасно да се гледаат. На почетокот немало нормирани регистарски броеви, и секој сопственик на автомобил бил должен да ги направи сам. Во 1903 година, Масачусетс била првата држава која вовела стандардизирани таблици.

Слични содржини