ПРВИТЕ СНИМКИ од силниот земјотрес во Турција, повредени 46 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во 4:08 часот по локално време во западна Турција во близина на градот Дузче, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.

Повредени се 46 лица, соопшти Управата за вонредни состојби (AFAD).

Вкупно 37 лица се повредени во Дузче, каде што е епицентарот на земјотресот, додека останатите повредени се во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак, соопшти AFAD.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви.

AFAD соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа Гољака во раните утрински часови.

Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.

Почувствуван е и во Истанбул и во други провинции, вклучително и во северозападниот дел на Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните провинции Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.

По силниот земјотрес регистрирани се вкупно 74 последователни потреси.

Гувернерот на Дузце Џевдет Атај изјави дека училиштата ќе бидат затворени денеска поради земјотресот.

Видливо е и дека е направена голема материјална штета.

Слични содржини