Прво дете заразено со коронавирус во Италија: Заболено четиригодишно девојче кое е хоспитализирано

од Aleksandar Petrovski

Девојче од Италија, кое има четири години е заразено од коронавирусот, пренесоа италијанските медиуми.

Таа доаѓа од местото Кастијоне де Ада во Ломбардија, едно од десет места кои се наоѓаат во црвената зона.

Девојчето е хоспитализирано, има благи симптоми на грип и не е во сериозна состојба.

Се претпоставува дека вирусот го добила во болница во Кодоња, кога таму бил хоспитализиран првиот познат заразен во Италија.

Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно за да се спречат неконтролирани излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.
Според податоците селото со околу четири илјади жители најмногу е погодено со Ковид-19, затоа што моментно има околу 40 заразени лица.

Децата поретко заболуваат од коронавирус, а засега не е во целост познато зошто е тоа така.

Слични содржини