Прво интервју по напуштањето на Белата куќа: Еве што кажа Меланија за враќањето во резиденцијата

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа пред речиси година и половина.

Како една од темите при нејзиното појавување на Фокс њуз минатиот викенд, се појави потенцијална втора претседателска кандидатура на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

На прашањето дали може повторно да се види како живее во Белата куќа, таа даде малку провокативен одговор.

– Никогаш не кажувај никогаш – рече таа, додавајќи дека верува дека „постигнале многу за време на четиригодишната администрација на Трамп“.

Доналд Трамп често алудираше на втора претседателска трка во 2024 година, за време на неговата турнеја за слобода во Америка.

– Ќе се вратам и ќе бидеме подобри и посилни од кога било досега – рече тој во март на Флорида, додавајќи дека „во 2024 година ќе ја вратиме нашата прекрасна Бела куќа“.

Трамп допрва треба официјално да ја објави својата кандидатура.

Слични содржини