Прво во светот: Се роди бебе со антитела против Ковид-19

од Берта Китинска

Една Американка, која работи во здравството, ја прими првата доза на вакцината „Модерна“ против ковид 19 во јануари, на 36 недела од бременоста. Сега роди здраво бебе, кое има и антитела.

Жената од Јужна Флорида е првата мајка за која е познато дека родила бебе со антитела на ковид 19 по вакцинирањето, велат педијатрите. Лекарите ги објавија своите набљудувања, иако целиот случај допрва треба да се испитува. Оваа мајка роди здраво девојче три недели по нејзината прва доза на Модерна вакцината, а антителата кај бебето ги открија лекарите при породувањето кои извршиле тестови на крвта од папочната врвца.

„Затоа, постои можност вакцинираните мајки да им обезбедат на своите бебиња подобра заштита од вирусот и да го намалат ризикот од инфекција“, велат лекарите, како што пренесува Гардијан.

Слични содржини