Првото огласување на Игор Којиќ откако ја отследи Северина

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Игор и Северина Којиќ се отследија едни со други од Инстаграм, синот на Кеба објави нови објави во кои ја извести јавноста дека не е оптоварен многу поради новонастанатата ситуација, напротив. Којиќ ужива на црногорското приморје со пријателите и семејството.

На фотографиите и снимките, Игор не ја трга насмевката од лицето.

Тој ја фотографирал Катја Милас, неговата братучедка, во ресторан, а потоа објавил видео од бродот, како и групно селфи со екипата со која летува.

Да потсетиме, во регионалните медиуми денес одекна веста дека Игор и Северина повеќе не се следат на Инстаграм.

Тој во моментов следи само 25 лица, меѓу кои ја нема Северина, додека таа не следи никого. Двојката веќе долго време не се гледа заедно во јавноста, а веќе некое време се шушкаше за наводни проблеми во нивниот брак.

Слични содржини