Првпат по два месеци во Русија: Повеќе од 6000 заразени со коронавирус

од Nikola Popovski

Во Русија се регистрирани 6.065 нови случаи на коронавирус, објави Оперативниот штаб за борба против вирусот, што е за првпат после два месеци.

„Во последните 24 часа во Русија се потврдени 6.065 нови случаи на Ковид-19 во 84 региони. Од оваа бројка 1.460 се без клинички симптоми“, се наведува во соопштението.

Забележани се 175 случаи во московскиот регион, а 212 случаи во Санкт Петербург.

Во истиот период починале 144 лица, со што вкупниот број на жртви достигнал 19.339.

Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани 1.097.251 случаи на Ковид-19, а во моментов, активни се 171.450 случаи.

Слични содржини