Пржени панцероти со фил од кисела зелка

од desk4

Како што доаѓаат ладните денови, така почнуваме да се спремаме за јадењата со кисела зелка. А, освен за сарма или подварок, може да ја користите и како полнење за пита, но и за пржени панцероти.

Се верува дека овој рецепт е изворно грчки, но го има во повеќе кујни и не може точно да се утврди нивното потекло.

Во секој случај, вреди да ги направите и да уживате во вкусот.

За тесто:

800 гр брашно
420 мл вода
12 гр квасец
Пола лажичка сол

За фил:

500 гр сецкана кисела зелка
Еден црвен кромид
Малку магдонос
Зачин по желба

Подготовка:

Растворете го квасецот во малку вода. Во сад настрана измешајте ги брашното и водата, па додадете ги квасецот и солта. Измесете и оставете тестото да нарасне.

Настрана, исецкајте ги кромидот и зелката, па прорпжете ги на масло. Додадете ги магдоносот и биберот, па оставете да се готви уште неколку минути, додека да добиете структура на фил.

Од тестото кинете топчиња, расплескајте ги во круг меѓу дланките, ставете фил, па преклопете, внимателно спојувајќи ги краевите.

Пржете во врело масло, од двете страни.

Слични содржини