Психолог открива: Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или прељуба!

од Vladimir Zorba

Американскиот истражувач, психолог и автор на книгата „Неговите потреби, нејзините потреби: Градење брак без измама“, Вилард Хедли, спроведе експеримент во кој учествуваа повеќе од 800 парови.

Овој истражувач дошол до заклучок дека кога основните потреби на мажите и жените се исполнети во брак, тој брак функционира многу подобро и партнерите се почитуваат многу повеќе. Тој изјави дека има 5 потреби и кај мажите и кај жените, некои се различни, а некои се слични.

Еве за што станува збор:

Прва потреба: За жената тоа е потреба за нежност, за мажот е потреба за блискост. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак се многу различни и двете треба да бидат исполнети со цел сопружниците да бидат среќни во нивниот заеднички живот.

Втора потреба: За жените, тоа е потреба за разговор, а за мажите, подготвеност за забава. Жената има потреба од маж да биде нејзина поддршка, па затоа и е многу важно да има добар и отворен разговор со него. На мажот му е потребна жена која не само што ќе седи дома, туку ќе биде заинтересирана да тргне во непланирана авантура со него.

Трета потреба: Оваа потреба е иста и за мажите и за жените, а тоа е искреност. На партнерите им е потребна вистината, и во секојдневните работи и во итни случаи; и во мали нешта и во големи работи – Искреност пред се!

Четврта потреба: Удобност! Двајцата партнери треба да се чувствуваат пријатно во својот дом и во нивната врска. Ако има некоја ситница што ве тера да не се чувствувате така, работете на тоа, во спротивно партнерот кој не се чувствува пријатно ќе го побара на друго место.

Петта потреба: На жената и е потребен нејзиниот маж да биде стабилна поддршка, а на мажот му е потребна неговата сопруга за да му се восхитува. Најважно е дека треба искрено да му се восхитувате, дури и ако тоа е мала работа, важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.

Слични содржини