Психопатот знае да ви се наметне и да ве излаже, рече Јовановски за Арсовска

од Nikola Popovski

Мене ми е жал што и ја дадов поддршката на Арсовска и што бев измамен од човек кој што перфидно умее да излаже, заведе и да ти даде лажна надеж. Она што го зборуваше, побарав да го каже и пред сите овие луѓе. Затоа и тие и ја дадоа поддршката, бевме на трибина заедно. Веројатно се менува перцепцијата и на човекот кога ќе ја почувствува моќта на градоначалничката функција, вели директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за неговиот претходен близок однос со градоначалничката Данела Арсовска.

Тој порача дека бил изманипулиран и ја нарече Арсовска „психопат“.

-Психопатот многу успешно знае да ви се наметне, да ве излаже и да ве стави во своја функцјија, се додека му требате. Првиот момент кога јас застанав зад приватните превозници, веќе следниот ден бев непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови ме нападна, реле Јовановски како одговор на новинарско прашање.

Директорот на „Слобода превоз“ истакна дека си создал повеќе непријатели заради блокадите на приватните превозници, но вели, „не можете да ги изневерите оние кои што 23 години ви даваат плата за она што го работите“.

Слични содржини