ПСЖ ги именуваше непотребните

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен го објави списокот на играчи кои ќе заминат на тренинг камп во Јапонија. Така новиот селектор на парижаните Кристоф Галтие посочи кои се непотребни, оставајќи ги надвор од групата.

Станува збор за Андер Ерера, Жоргињо Вајналдум, Јулијан Дракслер, Левин Курзава и Рафиња Алкантара, кои сигурно ќе бараат нови клубови.

Тимот тргнува на турнејата со 25 играчи, меѓу кои и Нејмар, Преснел Кимпембе, Мауро Икарди и други.

Во петокот и шампионот на Франција го одигра првиот тест – 2:0 против второлигашот Кјувили. Нејмар го пропушти овој натпревар поради полесна повреда, а во игра не се појавија другите играчи кои добија подолг одмор како Килијан Мбапе, Ашраф Хакими, Преснел Кимпембе, Данило и Пабло Сарабија.

Слични содржини