ПСЖ го објави очекуваниот ангажман

од Vladimir Zorba

Пари Сен Жермен официјално објави дека поранешниот спортски директор на Лил, Луис Кампос, му се приклучил на клубот како „фудбалски советник“. И покрај чудната формулација на позицијата, јасно е дека Португалецот доаѓа на местото на Леонардо, чија разделба од клубот се уште не е официјално објавена.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Кампос ќе биде одговорен за организацијата на клубот, изборот и претставувањето на првиот тим.

Според „Le Parisien, Кампос веќе почнал да работи во клубот и доказ за тоа е неговото патување во Милано за да преговара за трансферот на Милан Шкрињар.

„Многу сум среќен што му се приклучувам на ПСЖ. Според мене, ова е најамбициозниот и највозбудливиот фудбалски клуб во светот. Ја делиме истата визија во која цврсто веруваме. Едвај чекам да почнам да работам на развивање на неверојатниот потенцијал на клубот“, изјави Кампос.

Слични содржини