ПСЖ со неочекуван трансфер

од Aleksandar Petrovski

Раководството на ПСЖ продолжува со политиката, што ја започна по трансферите на Килијан Мбапе и Нејмар, имено тивко да се засили во различните линии на игра во кои парижаните „издишуваат“ последните години.


Така, францускиот гигант ги изненади сите и, иако со недели се зборуваше за трансфер на Хектор Белерин во тимот, нов десен бек на тимот ќе биде Алесандро Флоренци од Рома.

Специјалистот за трансфери, Џанлука ди Марцио беше првиот кој објави дека италијанскиот репрезентативец ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ во наредните денови, првично на позајмица на една година, а клаузулата за откуп ќе биде додадена на договорот за летото 2021 година.

До неодамна се водеа преговори со Арсенал за Белерин за ваква зделка, но „топџиите“ ја одбија опцијата за изнајмување и побараа директен трансфер за околу 30 милиони евра.

Флоренци, кој играше како десно крило на почетокот на својата кариера, ќе го замени Тома Муние, кој по завршувањето на сезоната се пресели во Борусија Дортмунд. Во составот на ПСЖ тој ќе се натпреварува за место во почетниот состав со Тило Керер, кој го замени Муние во стартните 11 на Томас Тухел.

Ова ќе биде трет официјален трансфер на тимот од Париз ова лето, откако клубот ја искористи откупната клаузула на Мауро Икарди и го привлече голманот на Севиља, Серхио Рико, кој ќе биде резерва на Кејлор Навас.

Слични содржини