ПСЖ тргнува по Меси: Аргентинецот откри што се случува

од Stefanija Kuzmanovska

Лионел Меси е член на Барселона цела негова кариера, но на крајот на сезоната му истекува договорот со Каталонците и сега лицитира каде може да ја продолжи кариерата. Една од потенцијалните дестинации е ПСЖ.

Сонародникот на Меси, Леандро Паредес, фудбалер на Пари Сен Жермен запрашан за можното доаѓање на водачот на Барселона во ПСЖ, не криеше дека многу би сакал тоа да се случи.

– На Лео е да одлучи дали ќе дојде во клубот, бидејќи Пари Сен Жермен се обидува да го убеди во тоа – откри Паредес за „Кориере дело Спорт“.

– Да бидете во можност да ве тренира тренер од вашата земја и да играте заедно со Лео е одлична можност. Се надевам дека тоа ќе се случи – рече Паредес.

Слични содржини