ПТИЧЈИ ГРИП во Унгарија: Нареден отстрел на 101.000 птица

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата за безбедност на храната на Унгарија денес наредила отстрел на 101.000 птица поради појава на птичји грип, објавено е на веб-страницата на Агенцијата.

Отстрел на птиците бил нареден на фарма за производство на јајца во централниот дел на Унгарија, со заштитена зона од 10 километри поставена околу фармата, а меѓународните партнери биле информирани за одлуката, објави Агенцијата, пренесе „Ројтерс“.

Во последниве недели, птичјиот грип се појави на фармите во Германија, Франција, Литванија и други европски земји и се сомнева дека дивите птици ја шират болеста.

Слични содржини