Публиката го исвирка Ѓоковиќ, а тој беше бесен на ложата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ игра против Тејлор Фриц, но и сопствените нерви.

Во еден момент пред крајот на првиот сет, Новак извикал и рекол: „Ве чекам половина час“, но не е јасно што му било кажано од другата страна.

Новак имаше слични проблеми и порано кога имаше потреба од медикемнти за време на натпреварите, па комуницираше со ложата на сличен начин, а овој пат фрустрации се префрлија на трибините.

Во еден момент од вториот сет, публиката му свиркала.

На Новак му пречеше бучавата од публиката за време на сервисот, но на крајот одлично сервираше и го затвори гемот, која траеше нешто подолго од пет минути.

Навивачите дури во еден момент му свиркале на Ѓоковиќ откако главниот судија ги предупреди да бидат помирни.

Новак само се насмеал и продолжил да игра, а ова му дало дополнителен мотив да ја добие овој гем. На крајот, тој прослави со подигната тупаница и карактеристичен „крик“.

Слични содржини