Публиката воодушевена од настап на Пинк и нејзината ќерка, заедно танцуваа на јаже (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Доделувањето на Билборд музичките награди се одржаа вчера во Microsoft Theater во Лос Анџелес. Пејачот The Weeknd освои дури десет награди за својата работа, и имаше 16 номинации.

Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше настапот на пејачката Пинк и нејзината деветгодишна ќерка Вилол Сејџ Харт. Тие го отпеаја дуетот „Cover Me in Sunshine“, и ја воодушевија публиката со танц на јаже.

Мајката и ќерката ја воодушевија публиката и заслужија овации.

Од овој перформанс, јасно е дека Вилол е талентирана на нејзината мајка.

По емотивниот перформанс, Вилол весело скокна и ја прегрна својата мајка, а Џон Бон Џови ѝ ја додели на Пинк наградата за музичка икона.

Слични содржини