Пукање на приватна забава: Две лица загинале, а 14 се ранети (видео)

од Nikola Popovski

Две лица загинаа, а 14 се повредени при пукање на забава во дворот на приватна куќа во Рочестер, Њујорк.

На забавата присуствувале околу стотина луѓе, а не е познато дали едно лице отворило оган или повеќе.

Убиени се маж и жена на возраст од 18 до 22 години, изјавил шефот на полицијата Марк Симонс.

Повредените се пренесени во две болници. Ниту еден од нив нема повреди опасни по живот.

„Ова е навистина трагедија од епски размери“, им рекол Симон на новинарите, пренесува АП.

Слични содржини