Пукање во бар во источна Јужна Африка, има жртви и ранети

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица се убиени, а осум се ранети во бар во источна Јужна Африка, откако двајца мажи по случаен избор отвориле оган врз гостите, истата ноќ кога 15 лица беа убиени во пукање во бар во предградието на Јоханесбург, соопшти денес полицијата.

Според соопштението, полицијата се обидува да провери дали нападите се поврзани, забележувајќи ја нивната сличност, објави „Гардијан“.

Жртвите се на возраст од 19 до 35 години, а по напаѓачите се уште се трага.

Слични содржини