ПУКАЊЕ ВО МАЈАМИ: Тројца напаѓачи пукале кон толпа луѓе на концерт, две лица убиени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Две лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во масовно пукање на концерт во Мајами, соопшти полицијата. Тројца неидентификувани напаѓачи пукале кон присутните.

Еден од повредените е во критична состојба, пренесува „Мајами хералд“.

Пукањето започнало по полноќ, додека некои од посетителите на концертот биле надвор.

Тројца неидентификувани напаѓачи излегле од бел џип „Нисан“ и започнале да пукаат кон публиката со пушки и пиштоли.

Екипите на брзата помош пренеле осум повредени во болници, а над 12 повредени сами се јавиле на лекарите.

Ова е второ пукање во областа Мајами викендов. Ден претходно едно лице беше убиено, а шест беа повредени во пукање пред еден бар во населбата Винвуд каде се одржувала забава.

Слични содржини