Пукање во Охајо, убиени најмалку пет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку пет лица загинаа во пукање во предградието на главниот град на американската држава Охајо, Колумбос, јавуваат локалните медиуми.

Две локални ТВ станици објавија дека најмалку три лица биле пронајдени застрелани во зграда во Вест Џеферсон, предградие на Колумбос, а неколку мртви биле пронајдени пред истата зграда, чиј број не бил веднаш потврден, објави „Ројтерс“.

Полицијата изјавила дека пукањето се случило во слепа улица, па затоа сметаат дека станува збор за насочено пукање.

Покрај полицијата во Вест Џеферсон, во истрагата учествуваат и Бирото за истрага за кривични дела во Охајо и канцеларијата на шерифот во округот Медисон.

Слични содржини