Пукање во скопско, еден ранет

од Nikola Popovski

На првиот ден од Новата година дошло до престрелка во село Мојанци, скопско, информираат од МВР.

Според информациите, полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски”, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје.

Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф” во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц”, без регистарска ознака.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени. За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини